Координативен состанок на партнерите на проектот MindPlay одржан во Скопје

Овој февруари, Скопје беше домаќин на Координативниот состанок на партнерите во рамки на проектот MindPlay, на кој се собраа претставници од сите партнерски организации. Состанокот обезбеди простор за плодни согледувања, заедничко размислување и размена на знаења, што овозможи развој на MindPlay курикулумот наменет за вработени во спортски клубови и тренери, со фокус на тоа како да се интегрираат техниките на mindfulness во спортските програми.

Партнерите исто така дискутираа како оваа методологија може да се претвори во водич за поединци, со цел да им помогне да ги вклучат овие техники во својата спортска рутина.

Курикулумот наскоро ќе биде достапен за сите заинтересирани да го користат – без разлика дали сте професионален спортски тренер или рекреативен спортист. Останете во тек за да не го пропуштите неговото официјално објавување.

Проектот „MindPlay“ е кофинансиран од Европската Унија.